Дојави за бомби во 33 основни училишта во Скопје

Денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Попладнево стаса веста дека се евакуираат учениците од основното улиште „Љубен Лапе“ во Аеродром по нова дојава за бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави