И Грција се стресе. Земјотрес чиј епицентар бил на 70 километри оддалечен од градот Солун денеска ја погоди Грција, пренесуваат медиумите од соседството.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 4.7 степени и предизвикал помала материјална штета на станбените објекти, но засега нема потреба од дополнителна вознемиреност кај жителите на Грција се вели во медиумските информации од кај јужниот сосед.