Премиерлигата по четири години истрага го обвини актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити за повеќе од 100 случаи на кршење на финансиските правила. Меѓу останатото Премиер лигата ги обвинува „граѓанита“ и за криење на изворите на приход, како и вистинските плати на фудбалерите, како и тоа дека со таен договор исплителе милиони на претходниот тренер Роберто Манчини.
„Тајмс“ наведува дека толкав број сериозни прекршувања на правилата не е забележан во историјата.
„Ако се докаже вината на Сити тогаш му се заканува и исфрлање од лигата, а му се заканува и одземање титули, забрана за трансфери и идно ограничено користење финансиски средства“ – пренесуваат англиските медиуми.
УЕФА, како што е познато, пред три години веќе го казни клубот со двегодишна забрана за учество на европската сцена и со уште 30 милиони евра поради прекршување на фер-плејот од 2012 до 2016 години, но Високиот суд (ЦАС) во Лозана ја поништи таа пресуда.
ЦАС тогаш не само што го спаси Сити од исфрлање од европските купови, туку и паричната казна му ја намали од 30 милиони на 10 милиони евра. Сепак, ова ново обвинение за „граѓаните“ кое сега го покренува Премиер лигата опфаќа многу потешки случаи.