Оставка поднесе пратеникот кој во српскиот парламент гледаше порно филм

Пратеникот Звонимир Стевиќ од Социјалистичката партија на Србија денеска поднесе оставка од пратеничката функција, откако во медиумите и на социјалните мрежи беше обвинет дека на седницата за Косово гледал порно филм, дознава „Политика“.

Пред тоа лидерот на СПС Ивица Дачиќ изјави дека Стевиќ треба да поднесе оставка и дека тоа очекува да го стори пред почетокот на денешната седница на српскиот парламент.

Медиумите објавија дека пратеникот од Социјалистичката партија на Србија, Звонимир Стевиќ гледал филмови за возрасни за време на специјалната парламентарна седница за Косово.

Треба да знаете
Последни објави