Покрај пратеникот од редовите српските социјалисти (СПС) Звонко Стевиќ кој си заминал од Собранието откако беше фатен како гледа порно филм за време на седница, оставка дала и потпретседателка на Парламентот, Снежана Пауновиќ која е од редовите на истата партија, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.
Белградските медиуми вчера објавија дека лидерот на Српската напредна странка и претседател на Србија, Александар Вучиќ на состанок на раководството на партијата рекол дека е подготвен да оди на нови избори како кандидат за премиер, и дека нема да попушти под уцените ниту од Запад, ниту од СПС, ниту пак од , како што ги нарече лажните српски десничари“.
-Многу сум разочаран од однесувањето на социјалистите, кои беа некаде измеѓу, сакајќи да им угодат на сите, ги пренесуваат зборовите на Вучиќ српските медиуми.
Вучиќ оценил дека СНС била сама во одбрана на државните интереси на седницата на Собранието за Косово. Медиумите блиски до власта синоќа објавија дека предвремените избори би можеле да се одржат во септември.