Вчерашниот ден го одбележа катастрофа која долги години не е видена во овие две земји, а во текот на ноќта се случи уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени во централна Турција.
Во наредните денови се очекува да бидат откриени уште жртви, а сеизмолозите предупредуваат дека тлото ќе продолжи да се тресе.
За жал, трагичната ситуација во која се наоѓа Турција, некои ја користат за профит и заработка. Ова го откри дефанзивецот на Лестер и турската репрезентација Чаглар Сојунчу.
Дефанзивецот од Измир на своите социјални мрежи објави дека сите оние кои сакале да заработат по земјотресот кој однесе илјадници жртви, да не останат неказнети.
„Читаме и гледаме дека некои неморални луѓе кои немаат зрно човечност се обидуваат да ограбат и продаваат ќебиња за пет пати повисока цена додека земјата е во жалост и додека луѓето се уште се обидуваат да си ги спасат животите под урнатините. Не смеат да останат неказнети, не смееме да ги оставиме неказнети“, напиша Сојунчу.