Џафери – Липавски: Северна Македонија и Чешката Република имаат традиционално пријателство, политички дијалог и взаемна соработка

Односите со Чешката Република се карактеризираат со традиционално пријателство и соработка, со постојан политички дијалог и взаемна соработка, потенцирал претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со  чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Џафери изразил благодарност за зголеменото вреднување на геополитичкото  значење на Западниот Балкан, особено по мигрантската криза од 2015 година кога се зголеми интересот земјите од Западен Балкан да бидат дел од Унијата.

Собраниската прес-служба информираше дека Џафери истакнал дека Вишеградската група е меѓу најгласните поддржувачи на аспирациите на земјите од Западен Балкан за добивање на членство во ЕУ и изразил очекување дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, имајќи ја предвид недвосмислената поддршка за зајакнување на партнерството.

– Тоа ќе доведе до унапредување на инфраструктурните врски помеѓу Европската унија и Западниот Балкан, како и на принципот на добро владеење. Информираше и за евроинтеграцискиот процес на земјата, при што истакна дека се очекува процесот на скрининг да тече според утврдената динамика, за потоа да отпочне процесот на уставни измени, нагласил Џафери.

Министерот Липавски потенцирал дека зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ мора да биде клучен национален интерес на сите политички чинители во државата знаејќи дека тој процес е многу долг, болен, со потреба од правење на коренити промени во законската регулатива на земјите кандидати за членство. 

-Потребно е сите  важни политички одлуки да се носат со консензус и истото добро да му се објасни на граѓанството во земјата, посочил Липавски.

Тој укажал дека нашата земја мора да продолжи со реформскиот пат и да ги направи сите потребни промени за што поскоро да стане членка на ЕУ и дека Чешката Република секогаш ќе биде на страна на Северна Македонија.

        Двајцата соговорници се согласиле дека е потребна поголема меѓусебна соработка и поддршка, со цел Северна Македонија да може да напредува на својот европски пат и да ги надмине тешките предизвици со кои се соочува

Треба да знаете
Последни објави