Париското јавно обвинителство денеска отвори истрага против претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и Светците, поради наводни финансиски малверзации, пишува весникот „Лекип“.
Обвинителството ја започна истрагата по пријавата на поранешниот советник и адвокат на Ал-Келаифи, Тунижанецот Хикам Буајила.
Буајила на обвинителите им открил дека тој за својата работа бил исплаќан преку тениската академија „Смеш“, чие седиште е во Доха и нема никаква врска со ПСЖ.
Светците во 2015 година потпишале договор на неодредено време со Буајила, а во договорот стоело дека Тунижанецот е ангажиран како тениски тренер, а не како советник и адвокат на претседателот на ПСЖ.
Истрагата против ПСЖ е отворена само еден ден откако Манчестер сити беше обвинет за прекршување на финансискиот ферплеј од 2009 до 2018 година.
Едно од обвиненијата покренати против Граѓаните е и тоа дека Роберто Манчини додека бил тренер на Сити, добивал плата од 1,6 милиони евра како тренер и дополнителни 1,9 милиони како советник на тимот Ал-Џазира од Обединетите Арапски Емирати.