Денеска се навршуваат 79 години од загинувањето на македонски партизан, храбар борец во НОВ –
Христијан Тодоровски Карпош – кумановски командант и народен херој на Македонија.
Како средношколец се вклучува во народниот отпор и станува борец, а подоцна и стратег на воените
походи. Козјачко-карадачкиот регион сведочел за јуначки борби на партизаните против фашистите, а
победите над секогаш побројниот непријател постојано се нижеле. Но, во еден студен февруарски ден во
1944 година Карпош загинува од фашистичкиот куршум на непријателот, но не и неговите прогресивни
идеи кои преку ослободувањето опстојуваат и ден денес во колективната меморија на народот.
За него народот испеал:
„На Козјак, Карадак планина
по села рамни и широки полиња,
има ли уште кој да не знае
кој е Карпош, партизан, војвода.”
Ние покажавме дека знаеме да се грижиме за оние кои го дадоа најскапоценото, својот живот, за
слобода. Па, така, како Влада ја реконструиравме Куќата – музеј во Куманово во чест на херојот Карпош,
а возобновена е и музејската поставка со значајни историски експонати, фотографии, предмети кои
сведочат за неговите живот и дело.
Нека му се вечни споменот и славата на Х.Т. Карпош – гордоста на мое Куманово!
Фејсбук статус на Оливер Спасовски https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid05LpspFbuocCifuRi4gp7bGhcGCdgWvgJKaK9gXW51HkiuZ9UVPDbAPTGnTyLnGSUl&id=100044608441941&mibextid=qC1gEa