Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта, трговски центри и објекти во Скопје, завршија сите потребни проверки
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (08.02.2023) во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и 5 други објекти во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.