Одличните игри на хрватскиот репрезентативен стопер Јошко Гвардиол на Светското првенство во Катар го привлекоа вниманието на многу европски гиганти, а според најсигурниот новинар кога се во прашање фудбалските трансфери, Фабрици Романо, прв фаворит за неговиот потпис е сега Реал Мадрид.
– Рано е да се зборува за преговори, но Реал го следи – изјави Романо и додаде дека Гвардиол ќе го собори светскиот рекорд кога е во прашање обештетувањето за одбранбените играчи.
Актуелниот рекорд го држи Хари Мегваер за кого Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра. Се очекува Лајпциг да добие 110 милиони евра за Гвардиол.