Околу 14 часот пристигна дојава за поставена експлозивна направа во Градскиот трговски центар во Скопје, по што започна итна евакуација на трговскиот. Дуќаните се затвораат и вработените го напуштаат ГТЦ, а веќе пристигнаа и полициските екипи кои треба да го проверат објектот.
Денеска околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Попладнево се евакуирани и учениците од скопската гимназија „Ѓорги Димитров“ по дојава за поставена бомба како и до 12 други скопски училишта.