Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „10 минути” на ТВ21 истакна дека СДСМ разговара за проширување на мнозинството со сите коалициски партнери, коишто го прават парламенатрното мнозиство.
СДСМ работи на зголемување на мнозинството со усогласување на програмските, политичките, кадровските потенцијали со потенцијалните нови коалициони партнери, без да се доведе во никаква корелација дека некој би требало да замине, нагласи Костадинов.
Тој додаде дека колациската влада предводена од СДСМ се стреми кон нјаважниот процес и државна цел, а тоа е зачленувањето во ЕУ.
СДСМ има јасни цели и програмски активности кои ги следат нашите стратешки цели, колку и да чинат рејтинг во одредени моменти и претставуваат главни стартешки цели на државата, за обезбедување на европската иднина на државата, зголемување на животниот стандард, подобрување на слободите и демократијата во нашето општество и заедница. СДСМ секогаш на пиедестал ги става оние стратешки цели на државата, нагласи Костадинов.
Во врска со уставните измени, Костадинов изрази надеж и очекување дека секој еден пратеник ќе биде на висина на задачата, за исполнување на стратешките цели на државата.
Гледаме изминатиот период дека од најразлични страни се појавуваат одредени ретроградни елементи, на коишто можеби не им одговара тој процес, но сум речиси сигурен и убеден дека секој еден пратеник ќе покаже дека интересите на државата, обезбедувањето на европската иднина на државата, е заедничка стратешка цел, нагласи Костадинов.
Тој истакна дека сега е шансата е да покажаме дека стратешките цели на државата треба да бидат заеднички, додавајќи дека ако се праша ВМРО – ДПМНЕ и тие ќе кажат дека стратешка цел им е членство во ЕУ и дека и таму има луѓе кои сакаат прогрес на овој пат.
Костадинов во врска со барањата за предвремени избори истакна дека е многу лесно политичките партии да си ги псотават своите цели од избори до избори и да работат само на сметка на сопствениот рејтинг.
Многу често во поблиското минато сме дискутирале за мнозинството за предвремени избори. Времето е сега, започнаа многу процеси, кои се многу значајни за нас, навистина колку и да беа тешки и болни, задржана и верифицирана е макеоднската посебност, македонскиот јазик и идентитет. Тоа не е доведено под знак прашање. Од сите нас зависи колку ќе бидеме ние Македонци, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „10 минути” на ТВ21.