Шолц го уверува Киев дека Украина припаѓа на ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц во говор пред Парламентот пред првата годишнина од руската инвазија ја увери Украина дека нејзината иднина е во Европската унија.

„Украина и припаѓа на Европа, нејзината иднина е во Европската унија. И ова ветување важи“, рече Шолц пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој изјави денеска дека е јасно речиси една година од руската инвазија на Украина дека Москва нема да успее во своите цели.„(Претседателот Владимир) Путин нема да ги постигне своите цели — ниту на бојното поле, ниту преку диктиран мир. Тоа, барем, е сигурно по една година војна“, рече Шолц во говорот пред Парламентот.

Треба да знаете
Последни објави