Митревски блескаше на голот на Порто за прва победа во ЛШ

Екипата на Порто предводена од голманот Никола Митревски ја забележа првата сезонска победа во Лигата на шампионите, откако на свој терен триумфираше против амбициозниот тим на Динамо Букурешт, со резултат 32:23.

Митревски натпреварот го заврши со 12 интервенции (41% ефикасност).
Ракометарите на ГОГ Гудме направија изненадување и го шокираа Веспрем (36-37), во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите. Иако важеа за апсолутен аутсајдер, данските ракометари приредија сензација во малиот унгарски град. Со по осум погодоци блескаа Вернсдорф и Толбринг, додека Јоргенсен даде еден помалку. Кај Веспрем исто така осум реализации имаше Петар Ненадиќ.

Паси Сен Жермен ја оправда фаворитската улога и славеше на гости кај ППД Загреб (30-33). Избраниците на Раул Гонзалез одиграа подобро второ полувреме и кога беше важно стегнаа, за да запишат победа на гостувањето во Хрватска. Феран Соле постигна 12 погодоци за парижани, додека Тимур Дибиров стрелаше десет пати.

Треба да знаете
Последни објави