Не се прави ништо за да закрепни економијата, дополнително сега и со данокот за солидарност, имам информации дека веќе некои од поголемите фабрики размислуваат и да го преселат своето производство во соседните земји. Одлуките кои што ги носи владата како преку ноќ да ги носи без да направи некоја подетална анализа како би влијаеле на бизнисот. Само негативно влијаат на целата економија, а на крајот сето тоа се прикажува преку БДП, вели во „Економски магазин“, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска истакна дека освен данокот туку и по сите параметри во индустриското производство и нејзините вработени, кој што треба да биде локомотивата на една државна економија, покажуваат дека 2023 година за македонската економија нема да биде подобра од иминатата, напротив ќе биде полоша економска година, иако во Европа веќе се забележуваат трендови на закрепнување на економиите.
„За жал, 2021 година ни покажа дека она што се случува, барем во европските економии со кои што ние имаме директна соработка, не е слика и кај нас. И тоа најмногу можеше да се види и преки инфлацијата, која што кај нас беше многу повисока во однос на тие европски земји. Така што можам да кажам, она што изгледа подобро во Европа, не значи дека ќе биде подобро и кај нас. Односно, очекувањата за 2023 година не се оптимистички, па дури и позитивни и ова може да го потврдиме и низ неколку битни показатели. Најпрвин, ако го погледниме индексот на индустриско производство, ќе видиме дека во континуитет имаме негативен тред, од година во година дури и 2020 во однос на 2019, падот бил голем. И ако погледнеме после тоа немаме ни некој позитивни трендови кои што би го покриле тој пад од 2020. Истото ни се случува и со бројот на вработени во индистријата, нешто што треба да биде локомотива или да ја движи економијата, кај нас има еден некативен тренд“, истакна Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека и проекциите на БДП во однос на целиот регион, да не зборуваме во европски рамки, ќе видиме дека сме најлоши во однос на цел Балкан и ако ги погледнеме странските директни инвестиции во изминатите години, исто ќе видиме дека сме најлоши во однос на сите останати соседни земји.
И она што е исто многу важно, вели Димитриеска Кочоска, а се однесува на капиталните инвестиции, иако во едни минати времиња во кои исто така имаше кризи се правеа реализација на капитални инвестиции чија цел беше да ја раздвижаат економијата, денес сликата не е таква и тоа ќе го поткрепам со два битни податока.
„Едниот е дека ако некогаш, во време на ВМРО-ДПМНЕ сме имале инвестиции во градење на инфраструктура, односно во структурата на капиталните расходи повеќе од 50% биле во вакви инвестиции, градежи и инфраструктура, денес имаме помалку од 30% во тој дел. Еве со последниот пример, парите кои што Владата ги даваше на ЕСМ кои ги даваше преку ставката за капиталните инвестиции, меѓутоа парите им ги дала како пари за докапитализација но ЕСМ ги троши за јаглен, за плати односно за оперативно работење, но суштината е дека тие на крај нема да завршат како инвестиции туку како тековни расходи. Имаме многу показатели кои што покажуваат дека 2023 година нема да биде ништо поразлична, односно ќе биде полоша. И токму ова е причината, независно што во Европа ќе имаме позитивни трендови, кај нас, за жал, бројките покажуваат дека тоа нема да се случи“, рече Димитриеска Кочоска.
Во однос на тоа што Владата се фали со изградба на 1300 километри патишта, Димитриеска Кочоска истакна дека такво нешто нема, затоа што ако беа изградени толку километри патишта граѓаните ќе ги гледаа и тоа ќе им го олеснеше движењето и функционирањето, но со голо око не може да се види ниту еден изграден автопат.
„1300 километри патишта не е нешто што може да се скрие, тоа треба да се види. Но, каде се, каде се случиле? Ние не можеме да го негираме автопатот Демир Капија – Смоквица, не можеме да замижиме на фактот дека автопатот Кичево-Охрид е почнат во едно друго време, а луѓето кои што живеат во Охрид и Струга коиш што го користат тој пат можат да потврдат дека ништо не се случува на тој автопат последните години откако СДСМ е на власт. Што се случува со Клиничкиот центар? Го поништија договорот што беше потпишан за негова изградба и ништо не направија. Нема ниту еден капитален проект ккој што може да се види со голо око“, посочи Димитриеска Кочоска.