По вечерашната седница на највисокото партиско тело во Тетово, претседателот на Алијанса за Албанци, Арбен Таравари, потврди дека неговата партија влегува во Владата.
На вечерашната седница со мнозинство централното претседателство на Алијанса за Албанците, прифатиле да влезат во Владата.
Министерство за здравство, Министерство правда, Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на АА.
За утре, Таравари најави лидерска средба каде што ќе ги објави имињата на идните министри