Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо блесна во свој стил во Саудиска Арабија. Тој ги постигна сите четири гола за Ал-Наср во триумфот на гости (0:4) против Ал Вехда.
Роналдо во 21.минута го отвори резултатот, а во 40.минута зголеми на 0:2.
Португалецот во ист ритам продолжи и во второто полувреме. Во 51.минута реализираше пенал, а десет минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Ал Вехда.