Прилепска Победа загуби убедливо од (8:0) во контролен натпревар пред стартот на пролетниот дел од македнската фудбалска сезона. Српскиот второлигаш по Лозница ги обвини прилепчани дека имале аматерскиот пристап за овој меч и оти се чувствуваат измамено од старна на македонскиот прволигаш.
Победа во натпреварот против Лозница настапи со комбиниран тим и голем дел од првотимците кои играа претходно против Вождовац добија одмор. Домаќините се налутиле поради таквиот пристап бидејќи очекувакале квалитетен тест-дуел.
Според пишувањето на српските медиуми, Победа во текот на целиот натпревар успеала да упати само еден удар кон противничкиот гол. Тренерот на Лозница, Небојша Нешковиќ беше прилично лут поради таквиот пристап.
Победа во натпреварот против Лозница настапи со комбиниран тим и голем дел од првотимците кои играа претходно против Вождовац добија одмор. Домаќините се налутиле поради таквиот пристап бидејќи очекувакале квалитетен тест-дуел.
-Противникот не беше адекватен, не беше на нивото на кое ние сакавме да биде. Очекувавме Победа да игра во најсилен состав, екипа која може рамноправно да ни парира. Доаѓаат од првата лига на Македонија, значи квалитетен противник, а искрено тие направија еден комбиниран состав. Се чувстувам малку измамено, па затоа со сета почит една замерка за потценувачкиот пристап од нивна страна, изјави Нешковиќ.