Соопштение до јавноста, реакција на писмената изјава од Кабинетот на Стево Пендаровски дадена за порталот Локално.мк
„Дали Стево Пендаровски беше неписмен кога го прими сега веќе починатиот Благојче Илиевски и му вети дека ќе помогне за набавка на лекот неопходен за болните од цистична фиброза или пак се работеше за свесна злоупотреба на тешко болни луѓе во политички цели?
Дали Стево Пендаровски беше неписмен или тој свесно ги лажеше болните?
Дали Стево Пендаровски како претседател на држава има еднаква политичка тежина со политички маргиналец, па владата на СДС и Ковачевски воопшто не им значат неговите заложби?
Ја разбираме фрустрираноста на Пендаровски која доаѓа од позицијата која што не може да ја пополни, и тоа што никој не ги есапи неговите изјави иако е претседател, но тоа не го трга од одговорност за кажаните ветувања.
Добро е што сепак Пендаровски смогна сили и посочи дека Ковачевски е тој кој е крајно одговорен и што не го набавил лекот потребен за живот на болните од цистична фиброза.
Ајде Пендаровски охрабри се и побарај оставка од Ковачевски, кој можеше, но не направи ништо за да им се олесни животот на над 130 болни од цистична фиброза.