Времето денеска многу студено, преку ден сончево

Денеска нè очекува сoнчево, но студено време, особено во утринските часови. Ќе дува слаб ветер главно од источен правец, а можна е мала облачност во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури во земјава ќе се движат во интервал од -6 до -15 степени Целзиусови, а максималните ќе бидат од -4 до 7 степени.

Сончево и студено време денеска се очекува и во Скопје каде. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец, а температурите во главниот град ќе се движат од минимални -8 до максимални 3 степени Целзиусови.

Сончевото и студено време ќе се задржи и во следните два дена, а в недела, според УХМР, ќе има услови за провејување на слаб снег, претежно на планините.

Треба да знаете
Последни објави