Белградските ривали Партизан и Црвена Звезда вечерва на гостински терен ги играа своите натпревари од Евролигата, а двата тима дома се враќаат со победа.
везда по еден драматичен натпревар беше подобра од Макаби Тел Авив со 89:86 и така составот предводен од Душко Ивановиќ стави крај на четирите порази во низа. Црвено-белите заслужено дојдоа до победата затоа што најголем дел од натпреварот имаа водство.
Најефикасен кај Звезда беше Немања Недовиќ кој постигна 28 поени, додека Вејд Болдвин за Макаби постигна 38 поен
Партизан одигра фантастичен натпревар на гости кај Баерн Минхен со 82:71, а мора на овој натпревар да се истакне и одличното навивање на „гробарите“ кои во текот на целиот натпревар го бодреа својот клуб. Скоро цел натпревар црно-белите беа во предност, додека на почетокот на последната четвртина предноста беше и „плус 20“ (67:47). Тогаш следуваше мало опуштање во белградскиот гигант, но сепак не доволно за сензационален пресврт.
Квин Пантер постигна 18 поени за Партизан, а Сили со 11 беше најефикасниот кај германскиот тим.
За Партизан ова беше 13-та победа во Евролигата со која се искачи до шестата позиција, додека Звезда со учинок од 11 победи и 13 порази е на 13-тата позиција.
Во преостанатиот натпревар кој се играше вечерва Барселона со 75:92 беше подобра на гостински терен против Виртус Болоња.