Според пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски граѓаните добро знаат кој со кого е во коалиција. Тој во гостувањето на ТВ24 кажа дека Мицкоски се однесува како заложник на Левица.
-Знаеме како се координираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за да не учествуваат на седниците и да се прикаже дека мнозинството нема кворум. ВМРО-ДПМНЕ е во скоро сите општини во коалиција со Левица, а и во Собранието, рече Каевски.
Според пратеникот, врз база на заложништвото на ВМРО-ДПМНЕ од Левица, колку е порадикален Димитар Апасиев толку е повеќе радикален Христијан Мицкоски, особено и со случувањата со Бугарија.
-Процесот на уставни измени дополнително се отежна од Бугарија, но ние имаме мандат да ја движиме државата напред и најблиску сме да го заокружиме овој процес и шанса да ја оствариме нашата стратешка цел, кажа Каевски.