Спасувачите од цела Турција четврти ден трагаат по преживеани под урнатините од разорните земјотреси што го потресоа регионот. Досега загинале повеќе од 17.000 луѓе, но чуда сè уште се случуваат и спасувачите наоѓаат преживеани деца и семејства под урнатините.
На социјалните мрежи се постираат материјали како спасувачите одлучуваат дали да почнат да копаат под некои урнатини или не. На цел глас тие заедно извикуваат: „Дали нè слушаш?“, па се надеваат дека ќе го слушнат гласот што живот значи.
И спасувачи од Македонија заминаа во Турција за да им помогнат на своите колеги во потрагата по жртвите од земјотресот.