Ковачевски ја зајакнува соработката и стратешкото партнерство со САД


Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски ја зајакнува и унапредува соработката и стратешкото партнерство со САД, со подигнување на билатералните односи на повисоко ниво.

Со усвоениот План на активности поврзани со стратешкиот дијалог со САД се отвора ново поглавје во односите, со што се надградува досегашна соработка, партнерство и заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет, почитување на правото, борба со корупција и криминал и другите закани по мирот ширум светот.

Дијалогот со САД ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, како и соработката на двете земји како НАТО партнери.

Од голема важност е безусловната подготвеност на американската администрација да ги преземе сите неопходни чекори за нашата држава што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ, бидејќи тоа е исто така стратешки интерес и на САД.

Нашата држава годинава одбележува 15 години од стратешкото партнерство со САД, период во кој континуирано добивавме поддршка во демократскиот и економскиот развој на земјата, но и во сите достигнувања како на домашен така и на меѓународен план.

Зајакнувањето на билатералните односи со САД значат модерни закони, безусловно независна борба против корупцијата и криминалот, праведно и правично правосудство, правна и економска безбедност на нашата држава.

СДСМ како државотворна партија со конкретни чекори работи на реализација на стратешките цели на државата. Од заробена држава и потенцијален извор на нестабилност денес државата е членка на НАТО, претседавач на ОБСЕ, со започнати преговори за членство во Евопската унија.

Посветени сме на што побрзо членство на Северна Македонија во Европската Унија, бидејќи на нашите граѓани им се потребни европски институции, европски стандард, европски плати и европска иднина.

Треба да знаете
Последни објави