Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ: Нечовечки е да ги злоупотребувате личните трагедии на луѓето за добивање на политички поени

Во врска со ставовите искажани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за претседателот Стево Пендаровски, кои се однесуваат на ветувања за набавка на лекот за цистична фиброза, Кабинетот на претседателот ја испраќа следната реакција:

-За жал, не бил неписмен само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, туку и оние кои го пишувале соопштението на таа политичка партија. Ако можеме некако да им помогнеме на луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, во прилог им го доставуваме барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година, во кое ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Исто така го доставуваме и соопштението од Кабинетот на претседателот во кое никаде не се споменува ветување за набавка на лек, затоа што за оние кои ги разбираат работите, Претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови.

Не веруваме дека јасната содржина во двата документи ќе ви помогне да разберете за што се работи, затоа што е јасна вашата цел, да го дискредитирате политичкиот противник и кога немате буквално ниту еден аргумент на своја страна.

Нечовечки е да ги злоупотребувате личните и семејните трагедии на луѓето за добивање на политички поени.

Да повториме уште еднаш, иако претседателот не е надлежен за набавка на лекови, тој смета дека сите лица од оваа категорија на болни, мора најитно да ја добијат неопходната терапија.

Линк до соопштението за средбата на претседателот Пендаровски со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза во јуни 2021 година:
Средба на претседателот Пендаровски со претставници на здружението Асоцијација за Цистична Фиброза (pretsedatel.mk)

Треба да знаете
Последни објави