Пожар избувна во центарот на Скопје. Облак од густ црн чад се гледаше од повеќе точки на градот, на поголема оддалеченост.
Според првичните информации, пожарот е во населбата Маџир Маало, а објектот бил еден од последните со автентична скопска архитектура.
Неофицијално, куќата била напуштена.
Пожарот бил пријавен во Противпожарната бригада, чии екипи интервенирале на терен.