Управата на Барселона наскоро ќе му понуди продолжување на договорот на дефанзивецот Серхи Роберто, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
СпоредРомано, новиот договор ќе биде со важност до завршување на сезоната 2023/24. Договорот вклучува и посебни бонуси.
Роберто за каталонскиот тим настапува од 2013 година.
Триесет и едногодишниот Шпанец оваа сезона забележа 18 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и две асистенции