Фондот за здравствено осигурување, чија веб страница беше хакирана, денеска информираа дека осигурениците можат да ги остварат правата преку подрачните единици на Фондот. Покрај ова, граѓаните можат да се обратат и телефонски преку јавни објавените линии за информации во подрачните единици.
– Барања за нови породилни боледувања исто можат да се поднесат директно преку подрачните единици на Фондот, тимовите работат 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок, приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, велат од Фондот за здравствено осигурување.
Оттаму информираат дека пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники, како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој.
– Непречно функционират и лекарските комисии, со запазување на законски предвидените рокови согласно проценката од страна на членовите на комисиите кои можат да бидат соодветно продолжени. Воедно, непречено се остваруваат и правата поврзани со итните ортопедски помагала. Во интерес на прецизно информирање на граѓаните, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, граѓаните ќе бидат навремено известени, велат од Фондот.
Линк до веб страна на контактите на Подрачните служби: (https://fzo.org.mk/podrachna-sluzhba-fond-za-zdravstveno-osiguruvane-na-makedonija)
Линк до фејсбук објава со контактите на Подрачните служби:
https://m.facebook.com/story.php?.