Како спасувачите одлучуваат каде да трагаат по преживеани под урнатините

Спасувачите од цела Турција четврти ден трагаат по преживеани под урнатините од разорните земјотреси што го потресоа регионот. Досега загинале повеќе од 17.000 луѓе, но чуда сè уште се случуваат и спасувачите наоѓаат преживеани деца и семејства под урнатините.

На социјалните мрежи се постираат материјали како спасувачите одлучуваат дали да почнат да копаат под некои урнатини или не. На цел глас тие заедно извикуваат: „Дали нè слушаш?“, па се надеваат дека ќе го слушнат гласот што живот значи.

И спасувачи од Македонија заминаа во Турција за да им помогнат на своите колеги во потрагата по жртвите од земјотресот.

Треба да знаете
Последни објави