Полска го затвора главниот граничен премин со Белорусија

Полска утре ќе го затвори клучниот граничен премин со Белорусија како одговор на одлуката на белорускиот суд да осуди полски новинар на осум години затвор, јавува Анадолија.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека неговата земја ќе го прекине сообраќајот на граничниот премин Бобровики до натамошно известување. Одлуката ќе стапи во сила утре напладне.

Овој потег уследи еден ден откако судот во Гродно, град во западна Белорусија, го осуди Анджеј Поцобут, активист кој ја претставува полската заедница во Белорусија од 250.000 лица, за нарушување на националната безбедност.

Активист на Унијата на Полјаците во Белорусија е обвинет за „поттикнување омраза“ и „дејствување против државата преку повикување за воведување санкции“. Поцобут е во затвор од март 2021 година.

„Ја осудуваме неправедната пресуда донесена од судот на една авторитарна држава. Анджеј Поцобут е полски и белоруски патриот“, рече во изјавата Лукаш Јасина, портпарол на полското Министерство за надворешни работи. 

Треба да знаете
Последни објави