Страшните земјотреси во Турција и Сирија однесоа речиси 20.000 животи, а прогнозите за пораст на бројот на жртви се вознемирувачки.
Во денешното обраќање до јавноста, премиерот на Северен Кипар соопшти дека во урнатините се пронајдени телата на дури 16 лица од училишната одбојкарска репрезентација од оваа островска земја. Тие престојувале во хотелот „Исијас“ во Турција, а при земјотресот целата зграда целосно се урнала и за жал немало спас за младите спортисти.
„Ги пронајдовме телата на уште четири наши деца за време на операциите за пребарување и спасување што беа спроведени во урнатините на хотелот. Со оваа загуба, бројот на граѓани на Северен Кипар во Адијаман се зголеми на 16 лица“, наведоа властите.
Засега имињата на жртвите не се објавени, а на терен се и голем број спасувачки екипи кои се обидуваат да ги пронајдат лицата кои се водат за исчезнати, а за жал ги има многу, меѓу кои и бројни спортисти.