Дополнителниот армиски состав од 36 припадници, денеска во претпладневните часови пристигна во градот Кахраманмараш, каде се приклучува во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните.
Во меѓувреме првиот армиски тим, кој веќе три дена се наоѓа исто така во градот Кахраманмараш, непрекинато ги извршува задачите заедно со останатите спасувачи со цел спасување на човечки животи.
-Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините. Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини по што по 6 часовно расчистување на рушевините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман од рушевините, информираа вчера од Армијата.