Вучиќ: Додека Косово не ги исполни обврските во Брисел ќе одам само туристички

Додека Приштина не ги исполни обврските од претходните договори, можам да одам во Брисел само како турист, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, реагирајќи на повикот на шефот на европската дипломатија Жозеф Борел до лидерите на Србија и на Косово да го продолжат дијалогот за решението на косовското прашање кое го туркаат САД и ЕУ.

Со ова тој реагираше на повикот во Брисел да се сретне со косовскит премиер Албин Курти „наскоро, за неколку недели“ и да го разгледаат германско-францускиот предлог кој „е на маса“ и „поддржан од Вашингтон“.

Поканата за средбата стигна од шефот на европската дипломатија Жозеф Борел.

– Ако ми се јавувате, известете ме дека го доставиле ЗСО. Кога ќе го достават, ќе дојдам да разговараме за сè друго, одговори Вучиќ.

Приштина, од друга страна постави шест услови за формирање нан Заедницата на српски општини. Меѓу нив е условот ЗСО да не се заснова исклучиво на етничка основа и да биде во согласност со Уставот на Косово.

Продолжувањето на дијалогот за постигнување конечен договор и покрај сигналите од двете страни дека се подготвени да седнат на маса, секоја под свои услови, останува неизвесно, па се очекува дополнителен притисок од Вашингтон и Брисел врз политичките лидери во Белград и Приштина.

Треба да знаете
Последни објави