Пред три дена објавивме еден ужасен, тежок податок дека само во пет града во првото полугодие си заминале 700 деца.
700 деца се отпишале од нивните училишта за да заминат во странство од Прилеп, Куманово, Тетово, Штип и Кочани.
Ако ги погледнеме бројките за цела Македонија со таа тенденција бидејќи цела Македонија се празни, секое село, секој град, Скопје се празни доаѓаме до една ужасна бројка дека само во изминатото полугодие од Македонија си заминале 4000 деца, 4000 ученици се отпишале. Тоа е пораз на владата, тоа се катастрофални бројки. Сите тие 4000 деца имаат 4000 мајки, 4000 татковци, дека има деца кои што се отпишале од градинка, дека има отселени луѓе кои што имаат по 20 години а не засновале семејство доаѓаме до една фрапантна бројка дека во времето на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски изминатото полугодие од Македонија си заминале околу 15.000 и 20.000 луѓе, давајќи бројка за иселени во текот на 2022 година од 30.000 до 40.000 луѓе, кои што се млади, кои што се силата на оваа држава кои што се виталност. Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада на неразбрани трговци, со овој претседател Пендаровски кој со прст не мрда додека државата се распаѓа, додека Македонија пропаѓа и економски, и демографски и државно.
Таче Ковачевски кој што не мрда со прст да направи било што за оваа Македонија, а само тера коалиции, Пазар 3, купи ден-помини, со кој што ќе направи некоја комбинација за да остане месец, два, три или пет да остане повеќе на власт, а се помалку и помалку буквално да ја има Македонија со овие иселувања кои ни се случуваат.
Не смееме да се помириме дека е редовна состојба, дека е нормално во само пет града да ни се иселат 700 деца за едно полугодие. Повторувам тоа се 4000 иселени деца на ниво на Македонија, тоа се 4000 мајки и татковци кои што исто така си заминале со тие деца, плус додајте деца од градинка, плус додајте луѓе кои се во 20, 25, 30 години кои немаат засновано семејство кои исто така си заминале од Македонија.
Значи од Македонија секогаш имало заминување, печалбарство, луѓе кои си оделе но ваков егзодус, вакво празнење на Македонија никогаш, никогаш немало. Ниту еден окупатор, ниту еден душман не ја набркал, не ја раселил Македонија, не ја проретчил Македонија како оваа влада на неразбрани трговци Димитар Ковачевски Таче и Стево Пендаровски.
Тоа е катастрофата во која живееме. Мораме да најдеме сила да ги поразиме овие политики. Македонија, мора, мора да најде сили да направи сериозна промена да направи дисконтинуитет да има нова гарнитура која ќе може да спасува што може да се спасува од оваа држава. Затоа што со ваквите политики, со оваа катастрофа и со оваа нивна индиферентност ќе остане буквално пустелија.
Нема закажано седница на Совет за безбедност, нема специјална седница на влада нема специјална седница на Собрание мислат дека е нормално и во ред во едно полугодие да ни се иселат 15-20 илјади луѓе, а на ниво на година 40 илјади луѓе и нив тоа не ги допира, око не им трепнува.
Тоа е катастрофата во која живееме и тоа е она кое мора да го смениме!