Бектеши: Очекувам дополнително намалување на цената на струја од јули

Во однос на домаќинствата и малите потрошувачи, се прават анализи и одредени опции за да се менува начинот на утврдување на цената на електричната енергија, рече министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, согласно капацитетите на производство од мај и јуни, новите одлуки ќе бидат во насока да се зачува животниот стандард на граѓаните и ќе се зачува ликвидноста на компаниите.

-Не очекуваме зголемување на цената на струјата од први јули, очекуваме да има дополнително намалување, кажа Бектеши.

И директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски кажа дека ЕСМ успева да ги покрие потребните побарувања на дневна основа.

Со ваквото производство во јуни, кога Владата, надлежните министерства и РКЕ ќе ја формираат цената на електичната енергија за од први јули, нема да нема зголемување на цената на електричната енергија. Планот за 2023 година е за 20% зголемување на производството за разлика од 2022 година, рече Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави