Вкрстените податоци според партиската афилијација на учесниците во истражувањето ги објави извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Кај гласачите на СДСМ, 63,7 % веруваат дека зачленувањето во ЕУ би било добра работа
По речиси две третини од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица сметаат дека членство на земјава во Европската Унија не би било добра работа, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мислење насловено „Еврометар“, кое за потребите на „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, го спровела агенцијата „Брима“ преку компјутерски асистирана телефонска анкета во периодот од 12 до 27 декември 2022 г. на репрезентативен примерок од 1 006 испитаници.
Вкрстените податоци според партиската афилијација на учесниците во истражувањето ги објави извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Поконкретно, 22,5 % од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека членството на С Македонија во Европската Унија би било добра работа, додека 61,4 % одговориле дека тоа не би било добро. Кај гласачите на СДСМ, 63,7 % веруваат дека зачленувањето во ЕУ би било добра работа, а 16,8 % обратно. Кај поддржувачите на Левица бројките се речиси исти како кај ВМРО-ДПМНЕ – 25 % сметаат дека би било добро, а 62 % дека членство на земјава во ЕУ не би било добра работа.
Кај партиите на Албанците, за 90,5 % од поддржувачите на ДУИ влез во Унијата би била добра работа. Така мислат и 71,3 % од гласачите на Алијанса за Албанците и 76,5 % од оние што ја поддржуваат БЕСА.
Колку се согласувате со следново тврдење користејќи скала од 1 до 5, при што 1 значи дека целосно не се согласувате со тврдењето, а 5 дека целосно се согласувате? Генерално, членството на Северна Македонија во ЕУ би било добра работа?
4+5 | 3 | 1+2 | |
ВМРО-ДПМНЕ | 22,5 % | 15,7 % | 61,4 % |
СДСМ | 63,7 % | 14,7 % | 16,8 % |
Алијанса за Албанците | 71,3 % | 8,6 % | 17,1 % |
БЕСА | 76,5 % | 15,8 % | 7,7 % |
ДУИ | 90,5 % | 5 % | 3,5 % |
ДПА | 91,7 % | / | 8,3 % |
Левица | 25 % | 4,7 % | 62 % |
Севкупно, за 49 отсто од испитаниците во анкетата влез во ЕУ е добра работа, што е пад за дваесет процентни поени во однос на ланската анкета.
Според директорот на „Евротинк“, огромниот пад на поддршката се должи на заморот кај граѓаните – од една страна, внесувањето многу енергија, а од друга – разочарувањата од ветата од Франција, па од Бугарија.
„Но, сега го гледаме овој огромен пад, јас би рекол и поради некои други разочарувања, а не само поради процесот кон Европската Унија. Јас ова би го нарекол најмногу замор. Поради тоа што подолг период се внесува огромна енергија во овие процеси и гледаме на кој начин се откочи самиот процес со прифаќањето на францускиот предлог и колку тоа беше контроверзно во самото општество, особено за етничките Македонци“,вели Николовски.
На прашањето каков е односот на Европската Унија кон С Македонија, 65 % рекле дека тој е нефер, надмен и уценувачки, додека само за 17 отсто односот е фер, пријателски и коректен. Разликата во однос на претходните години е очигледна и видлива на приказот подолу.
Кога овие податоци ќе се вкрстат со одговорот на прашањето за која партија ќе гласате на изборите, 85,1 % од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и 89,3 % на Левица одговориле дека односот на ЕУ е нефер, надмен и уценувачки, додека ваков одговор дале 39,2 % од гласачите на СДСМ. Кај гласачите на ДУИ и на БЕСА – 55,7 %, односно 54,5 % сметаат дека ЕУ има фер однос кон земјава. Така одговориле и 38,3 % од оние што ја поддржуваат Алијанса за Албанците.
Луѓето понекогаш дискутираат за односот на Европската унија кон Македонија. Генерално гледано, како би го оцениле овој однос?
ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | Алијанса на Албанците | БЕСА | ДУИ | ДПА | Левица | Друга | |||
1 | 1. Односот на ЕУ е нефер, надмен и уценувачки | 85,1 | 39,2 | 10,4 | 11,1 | 2,8 | 8,3 | 89,3 | 29,0 | |
2 | 2 | 6,0 | 17,6 | 16,2 | 4,2 | 3,6 | 13,1 | 2,0 | / | |
3 | 3 | 6,3 | 23,5 | 32,6 | 21,6 | 24,5 | 63,1 | 8,7 | 40,8 | |
4 | 4 | 1,4 | 7,5 | 2,5 | 8,5 | 12,2 | 2,7 | / | / | |
5 | 5. Односот на ЕУ кон Македонија е фер, пријателски и | 0 | 9,5 | 38,3 | 54,5 | 55,7 | 12,8 | 0 | 30,2 | |
Не знам | 1,2 | 2,6 | 0 | / | 1,2 | / | / | / |