Осомничен напаѓач денеска со автомобил удрил во луѓе на автобуска постојка во Рамот, еврејска населба во источен Ерусалим, при што усмртил две лица, а петмина се повредени, пред полицијата да го застрела и да го убие.
Тоа е најновиот инцидент во Ерусалим во услови на зголемено насилство во градот.
Тензиите се зголемија во анектираниот источен дел на градот по палестинскиот напад на 27 јануари кога загинаа седум лица, што е најтежок напад во тој град во повеќе од една деценија.
Полицијата не ги идентификуваше жртвите во денешниот удар со автомобил, но израелската спасувачка служба претходно соопшти дека нивните болничари згрижуваат шест лица, меѓу кои и две деца во критична состојба кои се на реанимација. Како што соопштија од службата, двајца мажи на возраст од 27 и 30 години се во бессознание и во тешка состојба, додека други две лица се полесно повредени.
Полицијата соопшти дека полицаец кој не бил на должност го застрелал осомничениот вооружен напаѓач, убивајќи го на самото место.
Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот.