Љубителка на глодари живеела со најмалку 800 стаорци во нејзиниот дом во западната германска покраина Рајнланд-Пфалц. Тоа, секако, предизвикало интервенција на властите.
Имено, минатата недела Ветеринарниот завод на покраината фати и смести 400 од животните во куќата близу градот Алтенкирхен. Ветеринарите вчера спроведоа нов потфат и ослободија уште 400 стаорци. Соседите се жалеле на смрдеа, па се чини, надлежните имаат уште животни за „спасување“.
Според претставник на установата, тие постапиле со претпоставка дека жената е „зависна од собирање животни“.
Жената, според надлежните, очигледно верувала дека сѐ е в ред и не сфатила дека всушност не се справува и не ја контролира оваа состојба. Засега истражителите сѐ уште не одлучиле дали ќе поднесат обвинение против неа.
Германските здруженија за заштита на животните веќе ги згрижиле фатените стаорци и им обезбедиле ветеринарна нега. Се очекува тие „да најдат“ посвоители низ цела Германија.