Грковска: Со членството во GFCE – Глобалниот форум за сајбер експертиза, имаме силен сојузник во борбата со сајбер нападите

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, Воутер Венстра, претставник на Секретаријатот на GFCE, Глобалниот форум за сајбер експертиза, претставници на академската заедница и претставниците на институции во земјата. На средбата се разговараше за потребата од заеднички координиран пристап во борбата со сајбер нападите и зголемување на сајбер безбедноста, преку споделување на експертски знаења и искуства од оваа област.

„Со големо задоволство сакам да ве информирам дека Владата на Република Северна Македонија во ноември минатата година стана 103-тата членка на Глобалниот форум за сајбер експертиза. GFCE е една од најголемите експертски мрежи во светот која им помага на Владите и приватниот сектор во градењето на силна одбранбена сајбер инфраструктура и зајакнување на својот капацитет со цел одбрана од сајбер нападите, кои денска се еден од најголемите закани по безбедноста на демократијата во светот, кои секојдневно нанесуваат сериозни штети на владите и институциите, но и на приватниот сектор и на граѓаните. Затоа Влада е вистински посветена на оваа многу важна тема, секојдневно правиме напори  да ги засилиме капацитетите на државата во одбраната од сајбер нападите, со настојување да изградиме силен и одржлив систем коj ќе ги штити државните ИТ системи, но ќе ги штити и компаниите и самите граѓани”, потенцираше вицепремиерката во своето обраќање.

Амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, Дирк Јан Коп, потенцираше дека е од клучно значење сјабер отпорноста на Северна Македонија како и соработката со меѓународните партнери како GFCE – Глобалниот форум за сајбер експертиза. Посочи дека состојбите кои се случуваат во светот на политичката сцена, треба да ги поттикнат земјите од Западен Балкан да ги подигнат мерките за претпазливост од сајбер нападите.

Воутер Венстра, претставник на Секретаријатот на GFCE, Глобалниот форум за сајбер експертиза на настанот имаше можност да ја презентира работата на GFCE, темите на кои работат и нивната понуда за соработка, со цел избирање на најдобриот модел за идна соработка со оваа мрежа.

На состанокот свое учество имаа и академската заедница во Северна Македонија и институциите кои работат на оваа проблематика во нашата земја, со цел нивно вклучување во работата на овој меѓународен форум, споделувајќи искуствата и преземање идни заеднички чекори.

Треба да знаете
Последни објави