Мицкоски на средба со в.д амбасадорот на Германија: Владата на СДСМ целосно потфрли, потребни се избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со в.д Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Ото Граф.

На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба на државата и европските процеси на државата.
Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека постојаното негирање од страна на Бугарија влијаа на билатералните односи помеѓу соседните држави, додавајќи дека стратешки интерес и приоритет на партијата е што побрзо започнување и зачленување на државата во Европската унија, но без уцени под бугарски диктат.

Мицкоски рече дека владата на СДСМ и ДУИ целосно потфрли во делот на македонската економија, а како резултат на тоа е се поголемата сиромаштија и нискиот стандард на граѓаните, нагласувајќи дека се потребни промени и одржување на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски истакна дека земјата не се справува со криминалот и корупцијата кои доаѓаат токму од високите владини функционери за кои веќе има неколку судски процеси но нема правна разрешница.

Мицкоски се заблагодари за поддршката од страна на Сојузна Република Германија и порача дека за доброто на државата и граѓаните добро е средбите и соработката помеѓу двете држави да се интензивираат и унапредуваат.

Треба да знаете
Последни објави