Вистинска „работодавачка“ треска има во неколку општини предводени пред се од градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, каде во периодов се склучуваат договори за времени вработувања.
Општина Илинден е последната во низата општини кои склучиле договор со приватна агенција за вработување, за времени вработувања.
За оваа намена од општинскиот буџет ќе се потрошат четири милиони денари, односно скоро 70.000 евра, за период од една година.
Претходно вакви договори имаа склучено и општина Аеродром во вредност од пет милиони денари, како и општина Кочани која ќе потроши четири милиони денари за времени вработувања.
Се на се, само овие три општини за вработувања оваа година, ќе потрошат 14 милиони денари или близу 250.000 евра