Најниската температура за оваа зима е измерена во Романија. Во четвртокот наутро термометрите во Инторсура Бузулуи покажаа минус 31 степен, пренесува Digi24.
Областа е позната и како „Малиот Сибир“ поради екстремно ниските температури што се евидентираат таму секоја година. На 8 јануари 2015 година беа забележани минус 34,6 степени Целзиусови, а на 10 јануари 2017 година минус 32 Целзиусови степени.
Вчерашниот ден беше вториот најстуден ден во Романија од почетокот на зимата. Минус 18 степени покажаа термометрите во Сибиу, минус 13 во планината Фагураш и регионот на езерото Балија. Таму има наталожено најмногу снег – 237 сантиметри. Ризикот од лавини во областа останува многу висок.
До понеделник времето ќе биде студено. За време на викендот се очекуваат нови врнежи од снег, прогнозираат синоптичарите во Романија.