Минатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни 11 натпревари, а Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки до десеттата последователна победа со 39 поени и 10 скокови. Ноќва Бакси беа подобри од Лос Анџелес Клиперс со 119-106.
Ова е прва серија на победи од десет натпревари за Милвоки од сезоната 2019/20.
Брук Лопез, исто така имаше „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 15 скока, како и Дру Холидеј, кој постигна 19 поени. Милвоки опасно ја загрози лидерската позиција на Бостон во Источната конференција, бидејќи сега има 39 победи и 17 порази, додека Селтикси имаат скор 40-16. Клиперси, кои настапија без повредениот Кави Ленард, во игра ги задржа Пол Џорџ со 19 скока, 11 скока и шест асистенции.
Големо внимание привлече средбата на Далас- Сакраменто, бидејќи се очекуваше настап на тандемот Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ, но Словенецот остана надвор од паркетот трет натпревар по ред.
Сепак, Далас славеше со 122-114, откако го отвори натпреварот со 45-24 во првата четвртина и тука беше решено прашањето за победникот, затоа што Сакраменто не можеше да се врати во натпреварот и да го изненади ривалот.
Најдобар во победничкиот тим беше Кајри Ирвинг, кој постигна 25 поени и 10 асистенции, додека Словенецот одмораше поради повредата на стапалото, но наскоро се очекува да се врати на теренот.
Одлична ноќ имаше и Шаи Гилџус-Александар кој постигна 44 поени во победата на Оклахома сити тандер на гостувањето кај Портланд трејл блејзерс.
Останати натпревари:
Детроит – Сан Антонио 138-131
Индијана – Феникс 104-117
Филаделфија – Њујорк 119-108
Бостон – Шарлот 127-116
Торонто – Јута 116-122
Мемфис – Минесота 128-107
Мајами – Хјустон 97-95
Њу Орлеанс – Кливленд 107-118
Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 106-119