Алијанса за Албанците презентираше за што ќе се залага во Владата

Алијанса за Албанците на јавноста и ја презентира  Декларацијата за владините определби, договорена меѓу претседателот, Арбен Таравари и премиерот, Димитар Ковачевски, која премиерот ќе ја потврди пред народните избраници и граѓаните.

„Оваа декларација е камен-темелник на нашата идна работа во рамките на владината коалиција. Дефиниравме пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби, за кои со сета енергија ќе се ангажираме до крајот на мандатот.
Со цел да ги имплементира овие обврски, Алијанса за Албанците ги избра најдобрите во своите редови да ги предводат своите сектори во владината коалиција:
Кренар Лога, министер за правда.
Фатмир Меџити, министер за здравство.
Азир Алиу, министер за информатичко општество и јавна администрација.
Вјолца Бериша, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тирон Јајага, заменик министер за одбрана.

Овој тим ќе биде поддржан од голем број функционери распоредени низ многу дирекции и агенции во сите области од јавниот живот.
Приклучувањето на Алијанса за Албанците во Владата се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството, во време кога Северна Македонија се соочува со голем број на кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата. Алијанса за Албанците ја презема одговорноста како државотворна партија, убедена дека со искреност и чистота, со транспарентност и демократија ќе произведеме вредности и резултати, за доброто на граѓаните и за доброто на економијата, демократијата и правдата во Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави