Баерн го казни Нојер 1,6 милиони евра за неговите коментари за отказот на тренерот на голманите

Мануел Нојер, голманот на Германија и Баерн Минхен, ќе добие драконска казна од 1,6 милиони евра поради неговите неодамнешни коментари во врска со отказот на поранешниот тренер на голманите Тони Тапаловиќ, објави Билд.

Извршниот директор и легенда на клубот Оливер Кан го повика Нојер дека јавно ја критикувал одлуката за отпуштање на Тапаловиќ, откако тренерот Јулијан Нагелсман дознал дека Тапаловиќ открива премногу од нивните внатрешни работи во разговорите со играчите.

Во контроверзното интервју за Suddeutsche Zeitung и Athletic, Нојер коментира:

„Тони секогаш беше тимски играч со нас, сите така гледаа. Тој не работеше за мене 11 и пол години, туку за сите голмани, за стручниот штаб и за клубот. Се чувствував како моето срце беше откорнатo, рее Нојер.

Ниту еден играч во историјата не добил ваква казна од сопствениот клуб. Најлошо досега поминаа Хари Кејн и Карлос Тевез, кои беа казнети со 400.000 фунти од Тотенхем, односно Манчестер Сити поради недисциплина.

Подеднакво груб беше и претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

„За клубот е несфатливо и разочарувачки што Нојер не побара директна комуникација со нас, туку се обрати на пресот“.

Поранешниот капитен и тренер на клубот Лотар Матеус во својата колумна за Sky Sports тврди дека на Нојер треба да му се одземе капитенската лента.

„Мануел Нојер повеќе не е прифатлив како капитен на Баерн!“, напиша тој.

Да потсетиме, Нојер моментално е надвор од терените поради скршеница на ногата здобиена на скијање и сигурно нема да игра оваа сезона. Бранителот на титулата во Бундеслигата најде замена во 34-годишниот Швајцарец Јан Зомер.

Треба да знаете
Последни објави