Алармот кај надлежните вклучи откако почина пациент со цистична фиброза. Зошто се чекаше да почине пациент, па Димитар Ковачевски да се разбуди?!
Премиерот Ковачевски вели замислете „тешката” бирократија била виновна, како може бирократијата да е виновна па дури и тешка. Ако добие насока ќе постапи и ќе ја спроведе процедурата.
Сали, веќе министер во здравство на заминување, ја префрла вината на Ковачевски. Вели министерството за здравство побарало да се обезбедат средства, ама немало глас ниту од Владата, ниту од Ковачевски лично.
Сето ова води кон едно недостасува политичка волја!
Проблемот е во оние кои носат одлуки!
Истите тие имаат време и пари за се, само не за граѓаните!
Колку за илустрација набавка на лекот за болните од цистична фиброза според проценки на надлежните чини околу 20 милиони евра, а толку ќе треба да се плати отштета за раскинување на договорот за градба на нов клинички центар. Неградењето на нов клинички или казна за истото е 20 милиони евра. За ова кој ќе одговара?!
Предупредувавме подолг период, но власта е вообичаено глува кога станува збор за граѓаните. Зошто премиерот Ковачевски би се грижел за тоа дали во буџетот има пари за лекови кога е преокупиран со фирми за производство на струја, правење коалиции и договарање позиции!
Цената на опстојување на оваа власт е преголема, штетата што ја прави е непроценлива затоа мора да си заминат веднаш!