Куче во турскиот град Хатај погоден од земјотресот сè уште чека пред урната зграда, каде што неговата сопственичка е заробена од понеделникот, кога силни земјотреси ја погодија јужна Турција.
Според насобраните, кучето пред неколку дена излегло само од урнатините. Сега седи на рушевините и ја чека жената која го поседува.
"We took her to another place but she came back"
— euronews (@euronews) February 11, 2023
A dog in Turkey's quake-ridden Hatay city awaited outside a collapsed building on Friday (February 10) in which her owner was trapped for five days. pic.twitter.com/iLuLOQXJMw
Мустафа Сонмез, за кој Ројтерс известува дека е брат на сопственичката на кучето, рече дека се обиделе да го однесат животното на друга локација, но тоа постојано се враќало. Денеска не е познато дали успеале да стасаат до сопственичката на кучето.
Земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во десет провинции, вклучувајќи ги Хатај, Малатија, Газиантеп, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните земјотреси што ја погодија Турција.