Наполи може да се согласи да го продаде Елиф Елмас, но само за сума од 50 милиони евра како отштета, објави Франческо Модуњо, новинар на „Теленовело“.
Модуњо тврди дека од извори блиски на клубот има точна информација за висината на отштетата, а ако се случи ваков трансфер, тоа би бил убедливо најскап во историјата на макединскиот спорт.
Елмас и сега го држи рекордот со околу 19 милиони евра, со вклучени бонуси, што Наполи му ги плати на Фенербахче во 2019 година.
Нашиот репрезентативец по една подолга серија на натпревари како резерва во ланската година, сега пак игра одлично за лидерот со Серија А, Наполи и веднаш тоа се одрази и на отштетата што ја одреди клубот, ако 23-годишниот офанзивец сака да си замине.
Интерес и досега имаше, се спомнуваа Милан, Ливерпул, Бенфика… клубови кои сега би требало да платат 50 милиони евра отштета ако сакаат да го имаат Елмас во тимот.