Сали: Турција се заблагодари, но нема да има потреба од наш медицински персонал на терен

Министерот за здравство Беким Сали доцна синоќа на својот Фејсбук профил истакна благодарност до 500-те лекари и медицински персонал кои се пријавиле за хуманитарна мисија во Турција.

-Сакам да ја изразам мојата најискрена благодарност за Вашата подготвеност да ја понудите вашата помош во последиците од разорниот земјотрес во Р. Туркије. Вашата несебичност и посветеност да им помогнете на оние на кои им е потребна во овој предизвикувачки период е од непроценливо значење. Добивме информација од Амбасадата на Р. Туркије во Р. Северна Македонија дека сепак НЕМА да има потреба да се отпатува на терен, но и длабока благодарност за вашата посветеност и поддршка во овој тежок период“, вели Сали.

Тој додава дека оставиле траен белег кај народот на Р. Туркије и е почестен што имал можност да понудам таква прекрасна група на поединци која брои дури над 500 пријавени.

Треба да знаете
Последни објави